АИ ја повикува Грција итно да го подобри системот за давање азил

Во Грција се блокирани околу 46.000 бегалци, а условите во повеќето од привремените центри за нивно сместување се лоши, се наведува во извештај на организацијата Амнести интернешанл.
Во документот се разгледува положбата на мигрантите и бегалците, повеќето жени и деца, кои се блокирани во Грција по затворањето на границите со Македонија на почетокот на март.
АИ ја повика Грција итно да го подобри системот за давање азил и да обезбеди пристап за заштита на сите мигранти.
Организацијата нагласува дека во центрите, создадени со помош на ЕУ, имало голем прилив на мигранти, недостиг на личен простор, недостиг на хигиенски средства и греење. Мигрантите не биле добро информирани за своите права, а определени групи луѓе биле изложени на опасности. Жените изјавувале дека не се чувствуваат безбедно и оти стравувале да не станат цел на насилство.
Во извештајот се споменува и состојбата на децата кои се без придружба, а кои се задржуваат во полициските станици околу 15 дена, по што се префрлуваат во специјални центри.
- Единствено нешто што успеаја да го направат земјите-членки на ЕУ е да ја влошат кризата, бидејќи не успеаја да дејствуваат одлучно и да помогнат во префрлувањето на илјадници мигранти, кои бараат азил и кои се блокирани во Грција. Доколку лидерите на ЕУ брзо не се активираат и не ги претворат во реалност своите ветувања, пред себе ќе видат една хуманитарна катастрофа, создадена од самите нив, наведува во извештајот Џон Далхаузен, директор на Дирекцијата на АИ за Европа и Централна Азија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Симонида Кацарска, директорка на Институт за европска политика
-

Процесот на проширување на ЕУ ќе остане заснован на заслуги и веродостојни реформи
-

Што нуди новиот нон-пејпер за Македонија?
-

Рокас: Обврските од 2022 мора да се исполнат
-

Обвинителството со видео-докази: Полицијата пристигнала 10 минути пред пожарот во „Пулс“
-

СДСМ: Ако има докази, зошто случајот „Мазут“ е стопиран?
-

Договорци од Детската клиника си ги бараат застанатите плати зошто 5 месеци не добиле ниту денар
-

Со 40 нови камиони и 2.600 контејнери ќе се решава проблемот со ѓубрето во Скопје
