AХВ: Вонредните контроли потврдуваат подобрување на безбедноста на храната во домовите за стари лица

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во почетокот на месецов спроведоа 39 вонредни инспекциски контроли во домови за стари лица во земјава. Со контролите утврдено е дека само еден не бил регистриран како оператор со храна во АХВ за што му е изречена времена забрана за работа, глоба и даден е налог за негова регистрација во Агенцијата.
Еден оператор со храна не ги задоволувал хигиенските барања за безбедност на храната, а 4 од контролираните домови за стари лица немале спроведено задолжителен задравствен преглед за вработените лица.
За утврдените недоследности кои се однесувале и на нередовно водење на записи за Добра хигиенска и Добра производствена пракса, недоставување на увид сертификати за спроведени обуки од областа на хигиената на храна, евиденција за набавки, доцнење со спроведување на задолжителни мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација и други помали недоследности, издадени се и три решенија со наредби за нивно отстранување и две опомени.
За сторени прекршоци од поголем обем изречени се глоби во вредност од 1 550 евра во денарска противвредност за 4 оператори, а само од еден контролиран оператор, нештетно се уништени 6 килограми небезбедна храна. При спроведените вонредни инспекциски надзори кај истата категорија оператори во ноември 2024 година, 14 не беа регистрирани како оператори со храна во АХВ, а нештетно уништени беа 40 килограми небезбедна храна. Издадени беа 16 решенија со наредби за отстранување на утврдени недоследности, а парични казни изречени беа на 18 домови за стари лица.
Ново на Сител
-

Се снимале како упатуваат закани кон министерот Тошковски, кривична за четворица битолчани
-

Сиљановска Давкова - Милановиќ: Патот на Македонија до членство во ЕУ предолго трае, но не по македонска вина
-

Судењето за „Онкологија 2“ прекинато, адвокатката Бегова казнета со 500 евра
-

Претрес во Демир Хисар, пронајдено оружје, приведено едно лице
-

Мицкоски: Градиме стабилен и отпорен финансиски систем усогласен со европските стандарди
-

ЈП Комунална хигиена - Скопје отстрани диви депонии на пластичарска улица и во Старата скопска чаршија
-

Славески: И покрај комплекноста на околината, централните банки остануваат цврсто посветени на ценовната стабилност
-

НБ: Каматната стапка е непроменета - претпазлива монетарна политика во услови на сѐ поголема светска неизвесност
