АХВ: Вакцинација ја набавуваат и вршат ветеринарните друштва со децении наназад

Бледа телевизиска сапуница е и денешната прес конференција за членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Цветан Трипуновски, кој во име на неговата партија, ја обвинува Агенцијата за храна и ветеринарство за нереализирање на мерката вакцинација на добитокот против болеста антракс, која неодамна беше детектирана и на одгледувалиште во Кичевско.
Место одговори да барате на безидејни прес конференции, владеејќи 11 години, досега требаше да научите дека вакцинацијата ја вршат ветеринарните друштва, не само во изминативе две години, туку децении наназад. Тие, а не Агенцијата за храна и ветеринарство и ја набавуваат, на комерцијална основа, и оттаму, времето кога вакцинацијата ќе се спроведе во рамки на една календарска година, согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните е исклучиво нивна. Апелираме, ВМРО ДПМНЕ да не ја троши креативноста на неосновани прозивки.
Секоја година во дестриктите се спроведува вакцинација, а рокот кога ќе се спроведе истата е одлука на сточарите во соработка со ветеринарните друштва.
АХВ нема обврска да ја извести СЗО за појава на болеста, како што тврди Трипуновски. И ова, е тотално непознавање од страна на ДПМНЕ кое раководеше 11 години со оваа институција. Од страна на Агенцијата, тоа е сторено, но, до Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ, кон која има обврска да информира.
Храброст за поднесување на оставка за таканаречениот двонеделен молк, не е потребна, бидејќи по овој случај, следејќи ги светските протоколи, сите неопходни мерки од страна на Агенција се преземени навреме.
Решителност и храброст се потребни за работа, а не за политиканство.
Ново на Сител
-

Експерти: Силните ветришта во Скопје не се вообичаени, но нема да бидат изолиран случај
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен амбасадор
-

Скопје ден по невремето со ветер со јачина на ураган
-

Урагански ветар пустошеше по Истокот
-

Епидемијата во Гостивар стивнува велат од здравство, цистерни вода ќе се носат од други градови
-

Брисел ни ги достави задачите што треба да ги исполниме до декември
-

Ганди доби биста во Музејот на Град Скопје
-

Просечната плата се доближува до 50 илјади денари: Кои работници се најплатени?
