Ахмети: Зачленувањето во НАТО е неповратен процес
Грчкиот Парламент во јануари ќе ја ратификува поканата за НАТО, за потоа овој процес да продолжи и со другите земји, изјави лидерто на ДУИ, Али Ахмети на вчерашната дебата во телевизија Клан Македонија.
Тој уште еднаш јасно застана против идејата за органиизрање предвремени парламентарни избори .
-Предвремените избори не се решение за актуелните проблеми, а особено за веќе почнатиот процес. Грчкиот Парламент во јануари ќе ја ратификува поканата за НАТО, за потоа овој процес да продолжи и со другите земји. Тоа е еден неповратен процес. Повторно велам дека ќе најдеме енергија да ги поминеме овие настани без болка и без последици за процесите. Главната одговорност тука спаѓа врз СДСМ. Секако дека и ние не можеме да избегнеме од одговорноста, но има многу ресори каде ние немаме влијание. Таму, СДСМ има повеќе влијание како поголема политичка сила, изјави Ахмети во емисијата „Дебата„ на ТВ Клан Македонија.
Ахмети кажа и дека ДУИ се уште не се откажува од идејата за консезуален претседател.
– Ние сакаме конзесуален претседател и секако дека можеме да зборуваме и за имиња, но за тоа е многу рано, потенцира Ахмети.
Тој негираше дека се дискутирало за нова владина реконструкција.
– Важните работи се движат во добра насока, иако не е направена детална анализа за нашите функционери. Не сакам да искажувам мое индивидуално мислење, без конкретна анализа. Овие работи ги дискутираме со партиските органи, но и со партнерите во коалицијата, затоа што одговорност и анализа ќе има. Политиките треба и се праваат заедно и нормално е дека ќе ги дискутираме, рече лидерот на ДУИ на гостувањето во ТВ Клан Македонија .
Ново на Сител
-

Расте понудата, но расте и цената – апсурдите на пазарот на недвижности
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-

Пратениците пешки, со автобус или два часа порано на работа поради блокадите на ССМ
-

Мицкоски гледа политичка заднина во протестите на ССМ
-

Транспаренси: Македонија без напредок во корупцијата, критики за неуспешни реформи во правосудството
-

Ќе се чешлаат сите лиценцирани фирми за канабис, премиерот очекува заплена и до 100 тони
-

Мицкоски: Има политичка волја за правосуден и на други јазици
-

Вештак од Словенија открил низа пропусти во лекувањето онколошки пациенти во Македонија

