-->
-->
Ахмети по средбата со Коѕијас: Името Славомакедонија за нас не е прифатливо
-->

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети е задоволен од средбата со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, со кого, како што рече, имале плодни разговори, но кажа дека името Славомакедонија, слеано во еден збор, не е прифатливо решение.
„Нашите ставови беа јавни, ние не се согласуваме името Славомакедонија да биде решение во преговорите со Грција. Јас лично не сум дел од преговарачкиот тим, но прифатливо решение е она со кое двете страни ќе бидат задоволни“, рече Ахмети.
На средбата, според Ахмети, биле споделени заедничките ставови дека Западен Балкан треба да живее во мир и стабилност и дека овие земји имаат ист интерес, а тоа е напредок и влез во ЕУ и НАТО.
„Нашата земја треба да има добра соработка со другите земји од Балканот, како и со земјите од Европската Унија. Кај господинот Коѕијас забележав добра волја за решавање на спорот за името, со што се потврди изјавата на Столтенберг од неговата посета пред неколку месеци дека во НАТО има место и за знамето на оваа држава“, рече Ахмети по средбата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Четири нови возила за пошта Штип
-

Пиво Фестивал во Прилеп на 17, 18 и 19 јули - Џенан Лончаревиќ, Милица Павловиќ и Јелена Розга главни музички ѕвезди
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ го прославува 36. роденден
-

Филипче: Ни требаат храбри одлуки
-

Стопанска банка и Мастеркард го прошируваат партнерството со поволности за корисниците
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Мицкоски за реконструкција на владата и инфрастуктурни и здравствени проекти на југоистокот
