Ахмети: Коалицијата со СДСМ стабилна
Владината коалиција со СДСМ функционира во рамките на нормалата. Моите односи со лидерот на СДСМ Зоран Заев и другите партиски структури се стабилни и добри. Ова го изјави денеска претседателот на ДУИ Али Ахмети. За изјавата на пратеникот Мухамет Зеќири, Ахмети вели дека тој не е легитимен претставник на политиките на СДСМ.
– Може да има разлики за различни прашања во принцип. Но, во суштина нештата одат прав пат. Во однос на активностите околу изборите ние уште немаме преговори со ниту една партија од македонскиот блок. Во иднина ќе видиме, ќе изградиме наша стратегија како ќе се организираме за изборите на 12 април. За коалиција со СДСМ не е разговарано. Но, во принцип сум го кажал мојот став, кој го претставува мислењето на партијата, дека не е најдобро ниту за ДУИ, ниту за СДСМ, да влеземе во предизборна коалиција, бидејќи сме во специфични околности, а не во околности кои сме ги поминале порано на локалните избори. Организирањето на парламантеарните избори има друга филозофија и стратегија, рече Ахмети на инаугурацијата на статуата на американскиот претседател Вудроу Вилсон пред административната зграда на Општина Чаир.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори
-
Први реакции од Бугарија и Грција по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова
-
Скромно одбележување на Денот на Европа во неискосениот владин двор
-
Избори 2024: Обработени 100% од гласовите
-
Прелиминарен извештај на ОБСЕ и ОДИХР
-
Во недела Силјановска ќе биде инаугурирана за претседателка на државата
-
ВМРО-ДПМНЕ почнува преговори за нова Влада, поставени три принципи за коалицирање