Ахмети: Изборите се најдобро решение

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети изјави дека изборите се најдобро решение, по недобивањето на датумот за започнување на преговорите.
– Мислам дека најдоброто решение за нашата земја е да се оди на вонредни избори. Јас би сакаал да не се бара вина бидејќи е неприфатливо да се прифати неправедна вина. Вината не се наоѓа кај земјите аспиранти и најдоброто решение е да се направи нова понуда за граѓаните, изјави Ахмети.
Според него, од недобивањето датум, не треба да се разочаруваме, туку да се организираме и да бидеме поуспешни во почнатите реформи.
-Зошто да ја прифатиме вината која ја немаме направено. Имаше и канцелари од цела Европа кои истакнаа дека грешката е во нив затоа што како ние и Албанија ги исполнуваме сите барањата на ЕУ, наведе Ахмети кој присуствуваше во изборот на новото раководство на ДУИ во Желино.
И НАТО и ЕУ, посочи, се изградени врз принципите на консензуалноста.
– Сите се согласија дека тоа се е договорено и оти треба да ги отвориме преговорите, но ние не сме тие што одлучуваме. Франција која не се согласи да даде зелено светло, поднесе една програма, опција што се обидува да ја инсталира и да ги промени политиките на ЕУ за земјите што сакаат да се придружат или отварат преговори. Останува задача на Унијата да дискутира за новата филозофиа која ја пружи оваа земја членка, рече Ахмети.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
