Ахмети и Ковачевски договарале закон за амнестија на борците на УЧК, тврди Алити
Лидерот на ДУИ Али Ахмети разговарал со премиерот Димитар Ковачевски за законско решение кое ќе ги вклучи сите категории кои настрадаа во вооружениот конфликт во 2001 година.
Ова во интервју за ТВ Алсат го откри поранешниот заменик-претседател на Парламентот од редовите на ДУИ, Рафиз Алити.
Според Алити договорот меѓу двајцата лидери на политички партии покрај борците на УЧК вклучувал амнестија и за други категории како лица вклучени во случајот со Куманово, случајот со Порој и други.
Тој додава дека пред неколку месеци претседателот на ДУИ го отворил ова прашање со премиерот Ковачевски и со поранешниот генерал Ангелов и изразил подготвеност да се донесе закон бидејќи тоа би било полезно за сите граѓани независно кој на чија страна бил или кого поддржувал во 2001 година.
Ковачевски претходно ги негираше ваквите тврдења. ДУИ и нејзиниот шеф Али Ахмети од крајот на војната повеќепати ветуваа правно решение за статусот на УЧК, но ова прашање остана нерешено и 22 години по конфликтот.
Ново на Сител
-

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираното одделение за Трауматологија во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”
-

Во Штип наврнале 18 литри дожд на квадратен метар, денеска услови за невреме и град
-

Американската воена операција во Иран досега чинела 37,5 милијарди долари, изјави шефот на Пентагон
-

УХМР издаде метеоаларм за невреме со град и ветер над 60 km/h
-

Над 8.300 повици на 112 во ЦУК по невремето
-

САД извршија нови напади врз Иран, Вашингтон остава отворена можност за дијалог со Техеран
-

Невреме во регионот - Гром усмрти околу 30 овци во БиХ, предизвикан и шумски пожар кај Макарска
-

Втор ден од официјалната посета на претседателката на Индија на земјава
