Ахмед Шафик нема да се кандидира за претседател на Египет
Поранешниот египетски премиер Ахмед Шафик изјави дека нема да се кандидира на претседателските избори оваа година.
Тој беше сметан за најсериозен евентуален противкандидат на актуелниот шеф на државата Абдел Фатах ас Сиси, кој се уште не ја објавил својата кандидатура за втор претседателски мандат.
Шафик е поранешен командант на военовоздухопловните сили и беше премиер за време на управувањето на Хосни Мубарак. Тој побегна во Обединетите Арапски Емирати, откако во 2012 година загуби на претседателските избори од кандидатот на организацијата „Муслиманско братство“, Мохамед Морси, а кон крајот на минатата година се врати во Египет откако ја најави својата кандидатура за претседател.
Шафик додаде дека по враќањето во Египет ја сменил одлуката, оценувајќи дека не е „идеален човек“ кој во овој момент треба да раководи со државата.
Ново на Сител
-
Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро