Ах Срби, Срби повторно правите глупости

Мирослав Ќиро Блажевиќ, еден од најдобрите тренери на просторите на поранешна Југославија, човек што со Хрватска го освои третото место на Светското првенство во 1998 година, има интересно видување за смената на селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Славољуб Муслин.
Србија под водство на Муслин успеа да го освои првото место во својата квалификациска група и да избори директен пласман на Светското првенство. Србија последен пат на едно големо натпреварување играше во 2010 година на мундијалот во Јужна Африка.
Сепак, Муслин замина од селекторската функција кога по долгите разговори со претседателот Славиша Кокеза, спогодбено го раскина договорот со Фудбалскиот сојуз на Србија.
Наводно, челниците на Сојузот имале забелешка на дефанзивната тактика што ја форсирал Муслин, како и тоа што не ги повикувал во репрезентацијата младите таленти Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио и Андрија Живковиќ од Бенфика.
Заминувањето на Муслин на свој оригинален начин го коментирал Ќиро Блажевиќ.
„Мене тој Славиша да ми дојдеше со таква идеа, би го испратил на психијатар. Вие Србите знаете да правите глупости, но ова ги преминува сите граници. Вече сте правеле слични работи. Тоа е аномалија, а вие Србите често го правите тоа“, изјавил Ќиро за српски „Курир“.
Поради сè што се случува во репрезентацијата, Блажевиќ не е оптимист дека Србија може да оствари некој позначаен резултат на Светското првенство.
„Не сум оптимист. Со оглед на тоа што се случува кај вас, бргу ќе се вратите дома од Русија. Експресно ќе се вратите“, заклучил познатиот хрватски тренер.
Ново на Сител
-

40-годишник со употреба на електрошок изнудил 110.000 денари од три жени во Пробиштип
-

Минималните трошоци во јули 68.498 денари, намалени за 156 денари
-

Со дрон и камерите на „Безбеден град“ ги барале исчезнатите кај Блаце, ги пронашле мртви во превртен „Мерцедес“
-

Меси: Шпанија беше подобра
-

Кривична за вработен на Меѓународниот универзитет во Тетово, присвоил 3.362.272 денари од студенти
-

Се чекаат резултатите за заболените во Гостивар, на повеќе места низ градот се дели пакувана вода за пиење
-

Орце Ѓорѓиевски: Кој работи и греши
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје од денес до 23 јули
