Живот
1. April 2019 - 10:34

Агресивни мајмуни тероризираат болница во Јужна Африка, пациентите во очај се кријат под прекривките

Мајмуни ги тероризираат пациентите во болница во Јужна Африка и ја крадат  храната од болните пациенти кои се принудени да се скриваат под покривачите.

Агресивната група мајмуни почнала пред Божиќ да упаѓа во болницата во Дурбан, влегувајќи низ прозорците кои останале отворени.

Се гледа на видеото едно од оддленијата во болницата каде мајмуните минуваат покрај завесите над креветите и лутаат по подот, оставајќи ги пацентите во очај.

Приматите се хранат со овошје и со друга храна која ја носат роднините на болните и често ја оставаат покрај креветот.

Надлежните ќе оформат работна група која ќе се занимава со мајмуните, а министерот за здравство побара да запре инвазијата.

Меѓутоа, тие и натаму секојдневно влегуваат и ги тероризираат пациентите, од кои многумина се серизоно болни.