Македонија
27. January 2023 - 16:34

Агенцијата за заштита на лични податоци бара институциите да постапуваат соодветно по случаите

Се поголем број граѓани се жалат дека нивните лични податоци се злоупотребуваат на интернет и на социјалните мрежи. Лични видеа, фотографи и аудио снимки завршуваат на различни веб страници и платформи незаконски, без знаење и согласност на оштетените странки. Финасиски се злоупотребуваат матичните броеви, лозинките и пиновите кои измамниците ги добиваат преку лажни е мејл пораки и регистрации на лажни страници. Претставките за вакви случаи се почести, велат од агенцијата за заштита на лични податоци.

Законот за заштита на личните податоци е добар, велат надлежните, но мора да се подигне свеста кај граганите, но и подобра соработка со институцииите и Владата. Странците пак очекуваат целосна имплементација на законот кој е дел од поглавјето 23 во преговорите со ЕУ.

Новиот закон за заштита на личните податоци е донесен и стапи во сила во февруари 2020.