-->
-->
Аеродромот „Шипол“ во Амстердам привремено затворен поради немање струја
-->
Аеродромот „Шипол“ во Амстердам утринава беше привремено затворен поради снемување електрична енергија, што ги попречи сите активности на еден од најпрометните аеродроми во Европа.
- Властите наложија затворање на патиштата до „Шипол“, а прекинат е и железничкиот сообраќај поради „безбедноста на патниците“, се наведува во соопштението од аеродромот.
Аеродромската зграда е преполна со патници, кои чекаат да се отворат терминалите.
Патиштата кон аеродромот се отворени по еден и пол час, откако дошла струјата.
- Во текот на целиот ден ќе има промени во авиосообраќајот, рече портпаролот на аеродромот.
По лондонскиот „Хитроу“ и парискиот „Шарл де Гол“, амстердамскиот „Шипол“ е на трето место во Европа по бројот на патници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори