Балкан
19. December 2017 - 22:22

Аеродромот „Ататурк“ во Истанбул нуди превоз на патници со луксузни таксија

Патниците кои пристигнуваат на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, од денес ќе можат да се возат и со луксузни такси возила.

Првите луксузни такси возила беа пуштени во сообраќај утрово.

Тие имаат широко купе со кожени навлаки и собираат шест патници. Секако, тука се и специјалните поволности, како што е комфорот.

Истанбул такси

Идејата и одлуката за новитетот е на Здружението на такси возачите при аеродромот „Ататурк“.

Цената на возењето со новите таксија со натпис „луксузни" е двојно повисока од вообичаената.