Адвокатот на „ОМО Илинден“ Менкиновски, доби црн печат за влез во Бугарија
Бугарската држава му забрани влез на адвокатот Тони Менкиновски. Адвокатот кој со децении ги застапува Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права доби печат персона нон грата. При обид за влез на граничниот премин Ново Село- Златарево бил запрен од полицијата која му врачила одлука дека има забрана за влез во следните 10 години. Во одлуката не било наведено поради кои причини тој претставува закана за националната безбедност во р. Бугарија. На оваа одлука не претходела никаква правна постапка.
Оваа забрана доаѓа во време кога пред Комитетот на министри на советот на Европа поврторно се разгледува прашањето за неспроведувањето на пресудите поврзани со ОМО Илинден. Менкиновски порача дека ниту ова нема да го одврати од бранење на правата на Македонците во Бугарија. За случајот ќе ги искористи сите механизми за да ја оспори оваа мерка и ќе ги информира сите домашни но и меѓународни институции.
Премиерот Мицкоски овој потег на бугарските власти го оцени како срам за демократијата во Бугарија за што повика сите земји членки на ЕУ да реагираат.
За случајот објавија и бугарските медиуми кои ваквиот потег на властите го претставија како оправдана мерка против личност која „не ги признава бугарските институции“, а истовремено се обидува да ја користи нивната правна заштита.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
