Адвокати во Таргет-Тврдина: Вештак без лиценца правел процена на системот за следење
Одбраната во предметот Таргет-Тврдина се сомнева во веродостојноста на податоците од вештачењето за вредноста на уништената опрема за прислушување во МВР. Велат дека вештакот не поседувал лиценца која дозволува да прави процена на системот за следење на електронските комуникикации. Според адвокатите, не била направена штета со уништување на опремата бидејќи нејзината пресметковна вредност по петгодишната употреба на системот, законски изнесувала еден денар.
„Вештакот користи метод на процена и покрај тоа што од него се бара да направи материјално финасиско вештачење. Материјално-финансиско вештачење е различно од правење на процена, различни се процесите и намената е различна. Впрочем и самиот закон за Кривична постапка не прошишува правење на процена туку правење на вештачење. Вештакот самиот кажа дека нема лиценца односно не е стручен да прави процена на таков вид системи, но сепак тој си зема за право, да го направи тоа“, вели Влатко Илиевски, Адвокат.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци