Адвокати: Во промили е можноста да се укине пресудата за Диво Насеље
Без присуство на обвинетите за Диво Насеље продолжи јавната седница за жалби пред Aпелацискиот суд.
На денешното судење, 11-мината адвокати ги изнесуваат жалбите на 35-мина осудени за кривичното дело "тероризам".
Според бранителот Еленко Миланов, по изнинати 4 години, можноста за укинување на пресудата е во промили. Тврди дека не станувало за тероризам туку за пружање отпор бидејќи тоа не бил акт упатен кон неодредени лица ниту напад врз институции.
И покрај ова, адвокатот Миланов вели дека Јавното обвинителство се впуштило во обид за докажување на кривично дело "тероризам".
Јавната седница за жалбени наводи почна вчера во исклучително тензинча атмосфера. Обвинетите по едноминутен молк за загинатите во Диво Насеље, продолжија со пцости и навреди кон апелационите судии.
Извикуваа "ова е Албанија", а велеа и дека не го признаваат судот. Не им беше дозволено да го прочитаат заедничкото писмо за кое изјавија дека со него се докажува оти случајот е политички монтиран, па ја напуштија судницата.
Јавната седница ја следат само тројца обвинети, еден кој е во домашен притвор инаку осуден на 12 годишна затворска казна и двајца кои добија ослободителни пресуди.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-

Меѓународна конференција на Паневропската унија во Македонија
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

Гинеколози - ХПВ вакцинацијата спречува појава на повеќе видови на рак
-

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон
-

Преглед на вестите од светот
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Под истрага шест лица за транспортот и логистиката на марихуаната од Македонија во Србија
