Адонис: Македонија иако мала земја, прави многу за поезијата и културата

Најголемиот современ арапски поет, Адонис, по 18 години од добивањето на најпрестижната поетска награда на Струшките вечери на поезијата „Златниот венец“ повторно гостуваше во Струга, каде во разговор за МИА говореше за значењето на фестивалот во светски рамки, впечатоците од Македонија, културата, народот...
На врвот од поетската елита, Али Ахмад Саид, кој го користи псевдонимот Адонис, на авангарден начин ја обликува поетската сцена, не само во Сирија, земјата каде што е роден, ниту во Либан каде што живеел, туку во целиот арапски свет. Според поетите, Адонис заслужено се наоѓа на врвот, а тоа го докажуваат многубројните награди и признанија. Едно од нив, за чија одлука дозна за време на присуството на Струшките вечери на поезијата, е германската награда за мир „Ерих Марија Реамарк“ .
Изразувајќи среќа и благодарност до жирито за таквото значајно признание што му припаднало токму нему, Адонис рече дека со тоа и дале признание и на земјата.
- Тоа е значајно за нас како Арапи, но и за светот пошироко. Ова е награда што се врачува за културата на една земја. Затоа сум среќен и многу благoдарен, рече Адонис.
За големината на овој поет говори и фактот што последните години е во номинација за Нобелова награда за литература. На прашањето дали да очекуваме дека тој ќе биде годинашниот Нобеловец, скромно одговори дека не се замара и оти има луѓе што работат на тоа и одлучуваат.
Македонија како геогрфски мала земја, Адонис оцени дека прави многу за поезијата и културата.
- Македонија иако географски мала земја, на ниво на поезија и на култура државата прави многу. Поезијата може да се спореди, да се спознае како што се спознавa и Македонија со фестивалот Струшки вечери на поезијата. Овој фестивал на поезијата е чест за Македонија како земја. Затоа бев и сум многу среќен што го добив највисокото признание „Златен венец“.
За деталите на СВП, посочи дека може да се дискутира многу, но од неговиот принципиелен агол, се работи за престижен фестивал во светски рамки. - Овој фестивал е чест за Македонската култура да го има. Не се работи само за Макеоднија како земја, туку и за меѓународната поезија, наласи Адонис.
За фестивалските промени од добивањето на „Златниот венец“ во 1997 година до денес, рече дека промената е секогаш убава и треба да се следи времето „секогаш треба да имаме нова слика“.
Земјите ги гледал различнио и секоја му давала различна инспирација за творење. - Вашата земја дава можност, посебно мене ми даде можност да создавам со исти зборови нешто и со зборови на народот, со зборови на младите. Тоа е можност да го гледам светот со други очи на подруг начин, тоа ми се случува овде во Македонија, подвлече Адонис.
При прошетките низ македонските градови поетот ја забележал древноста на земјата. Секоја земја оцени дека има одредено интелектуално ниво, но во Македонија може да го види симболот на поетиката.
- Може да се види древноста, античноста на оваа земја. Тоа можев да го видам и во Скопје, во главниот град и се одразува во секојдневието на луѓето. Ги гледав древните улици во Скопје и симболиката што можат да ја кажат, но и симболиката на земјата. Очекувам повторно да одам во Скопје. Секоја земја си има одредено интелектуално ниво. Тоа е нивото што се одразува во животот и секојдневието на луѓето. Јас не го знам крајното ниво и вистинскиот живот, но би сакал тоа да го спознаам. Може да се види дека поетското милје во Македонија е одлично, прекрасно. Тоа може да се види преку комуникациијата со луѓето, со младите со сите. Она што може да се види дека Македонија е поетски симбол, симбол на поетиката, рече Адонис.
Во името на сите поети учесници и лауреати на отворањето на 54. Струшки вечери на поезијата Адонис прочита поетско послание, во чест на јубилејот, 50 години од востановувањето на највисокото фестивалско признание „Златниот венец“. Говореше за интеграцијата на човекот во универзална културна машина која мисли наместо него, нагласувајќи дека поезијата мора да излезе од таа фабрика.
- Поезијата нема да излезе од рутината измислувајќи некоја нова удобност за човекот кој би ја трансформирал во еден вид проповедање и би станала дискурс на банализација и информација. Таа ќе избега од оваа апорија, од оваа склероза, кога човекот ќе пишува за себеси, себеиспрашувајќи се за своите маки и распетија, физички или метафизички. Кажувајќи ги работите без никакво учење и надвор од секаков систем на мислата, рече Адонис, додавајќи дека поезијата ги разнишува стереотипите и значи вечно движење кон откривање на креативната енергија на светот.
Во врска со интересот за староарапската поезија, предмет, кој тој го предава, Адонис истакна дека интересот за поезијата во стариот-древниот свет е во уназадување.
- Не се работи само за европксите или арапските земји туку во целиот свет. Верувам дека ако поезијата е повеќе површна, тогаш оди надолу. Оној што чита поезија и што се интересира има поголем интерес и поголема интелегенција од тие во минатото затоа што во светот актуелна е и се зголемува свесноста со поезијата. Додека науката го деформира светот неможе да се види дека целокупната наука и покрај развојот неможе да му даде се она што му треба на човекот, тогаш поезијата секогаш има да каже нешто ново како што љубовта го трансформира човекот. Исто како љубовта, појасни Адонис.
Поезијата на Адонис оди во незапирлив поход кон сите светски меридијани, пулсирајќи со силина и елан, што од ден на ден од својот автор создаваат жива поетска легенда. Неговото творештво претставува синтеза на истокот и западот, нов литературен израз и толкување. Освен од книжевен аспект тој отелотворува модерност и на политички план. Добитник е на бројни Европски награди меѓу кои во 2001 година добил медал „Гете“ за литература, во 2013 ја добил наградата „Петрарка“ за современа поезија,...
Ново на Сител
-

Протест на студентите и граѓаните кои работеле во странство пред УЈП - не сакаат да платат данок ретроактивно
-

Мицкоски: Имам чувство дека поранешни премиери од опозицијата ќе бидат под прогон
-

Средба Муцунски - Прево
-

Пратениците со оценка 5,7 за тоа каков говор користат на говорница
-

„Безбеден град“ казнува електронски, но потврдите за уплата сè уште се доставуваат лично на шалтер
-

„Ме удираш по бубрези како што татко ти те удирал тебе“ – нови снимки од насилството на Стојанче Јовановски
-

Верските лидери со заедничка осуда на обидот за палење на синагогата во Скопје
-

Мицкоски: Цените во маркетите пораснале за 0,4%, покажа анализата на ДПИ и Министерството за труд
