-->
-->
Администраторот и креаторот на „Јавна соба“ повикани во полициска станица
-->
Две лица, од кои едниот администратор, а другиот креатор на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм, вчера биле повикани во полициска станица.
Ова денеска го објави дополнителната заменичка-министерка Славјанка Петровска на својот Фејсбук профил.
Истрагата на Бирото за јавна безбедност за групата „Јавна соба“, во која над седум илјади членови меѓусебно си споделувале фотографии со експлицитна содржина, некои преземени од Интернет, а некои од приватни конверзации, меѓу нив и од малолетни девојчиња на возраст од 12/13 години, продолжува.
Петровска нагласи дека по извршените разговори и прибавените докази против нив ќе биде поднесена кривична пријава и додаде дека продолжува со активности за евентуална вмешаност и на други лица
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична против 29 годишник, при претрес пронајдени се автоматска пушка, пиштол и 1.167 куршуми | ФОТО
-
Случај „Крмзов“: 23 физички и 15 правни лица се гонети од Обвинителството за штета од околу 90 милиони евра
-
Уште две бисти украдени од гробиштата во Бутел
-
Малолетничка нападната од двајца мажи во Шуто Оризари
-
24-годишна девојка пронајдена почината во казино во Скопје
-
Млад мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Скопје
-
Кривична за две лица кои во соблекувална нападнале фудбалер од ОФК „Карбинци“
-
Герасимовски: Од Капиштец отпочнува караванот „Се гледаме во маало“ - заедно со центарци ја креираме новата програма