Адеми: Ќе ги згрижиме оние бегалци од Авганистан што ни помогнаа како членка на НАТО
Ќе ги згрижиме оние бегалци од Авганистан што ни помогаа како членка на НАТО. Македонија, односно оние луѓе, кои работеле заедно со нашата мисија во Авганистан, што работеле за нашата армија и НАТО, како и новинари, миротворци, преведувачи, истакна во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител, советникот за надворешна политика во владиниот кабинет, Едмонд Адеми.
Рече дека засега не се знае точно кога ќе пристигна бегалците, бидејќи, како што вели, тешко се пристигнува до аеродромот во Кабул, уште потешко се пристигнува до т.н. гејтови.
-Како дел од меѓународната коалиција покажавме дека сме спремни да помогнеме, низ историјата и Македонците и Албанците и другите народи имале слични настани и покажале дека се солидарни во вакви моменти. Европската унија порано или подоцна ќе сфати дека нивната улога е подееднакво важна за спасувачката мисија, бидејќи тие луѓе работеле за нивните амбасади. Верувам дека ЕУ ќе сфати дека има подеднакво одговорна улога за спасувањето на жените, децата и други категории на граѓани, кажа Адеми.
Советникот на премиерот додаде дека станува збор за 650 лица кои се членови на семејства на вработени во Националниот демократски институт, „Отворено општество“, Обединетите нации, но и новинари, дописници на Би-Би-Си, Њујорк Тајмс, како и студенти на меѓународни универзитети.
Ново на Сител
-

Јавна расправа за Совет на обвинителите
-

Сведоци за „Пулс“ ќе се носат со полиција ако не дојдат на судење
-

Крмзов и обвинетите не се чувствуваат виновни, одбраната тврди: Обвинението е неосновано, нема штета врз буџетот
-

Реконструирани шест од предвидените десет хируршки сали на Клинички
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотека Пулс
-

Во употреба пуштени реконструираните операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
-

Регулаторна попладнево ќе ги објави новите цени на горивата
