Абрамовиќ најавува „чистка“ во Челзи

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамовиќ не е задоволен од овогодинешното издание на својот клуб па англиските медиуми најавуваат заминување дури на 9 фудбалери од Стемфорд Бриџ.
Тоа се Еден Азар, Тибо Куртоа, Сеск Фабрегас, Педро, Гери Кејхил, Давид Луиз, Оливие Жиру, Курт Зума и Мичу Бачуаи.
Ова е една од најслабите години на сеуште актуелниот шампион па се најавува заминување и на менаџерот Антонио Конте. Во случај на превремен раскин на соработката Италијанецот ќе инкасира девет милиони фунти.
Белгиските репрезентативци Азар и Куртоа нема да ги продолжат договорите доколку Челси не избори пласман во Лигата на шампионите, додека на Фабрегас, Педро, Кејхил, Луиз и Жиру договорите ќе им истечат наредната сезона. На овие играчи Челси нема да им понуди нови договори.
Иднината на Зума и Бачуаи, кои се позајмени во Стоук односно Борусија Дортмунд, ќе зависи од тренерот, независно дали од тоа дали Конте ќе остане.
Челси по 31.коло во Премиер лигата се наоѓа на петтото место со 56 бода, осум помалку од четвртопласираниот Тотенхем.
Ново на Сител
-

Нов напад врз Техеран - Израелската армија објави снимки
-

Ирак прогласи тридневна жалост поради смртта на Хамнеи
-

ИДФ соопштија дека Хамнеи е убиен во „прецизна, обемна“ израелска операција
-

Убиени началникот на Генералштабот на вооружените сили на Иран и главниот командант на ИРЦГ
-

Иран го нападна аеродромот во Дубаи | ВИДЕО
-

Од денеска до 5 март пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк
-

Од денеска побезбедни онлајн купувања со платежни картички
-

Илјадници Ирачани жалат за смртта на Хамнеи
