-->
-->
Абдеслам одбива да се појави на судење
-->

Салах Абдеслам (28), единствениот преживеан член на келијата на Исламска држава, која изврши терористички напади во Париз 2015 година, при што загинаа 130 лица, одбива да се појави на судење в четврток, соопшти денеска судот во Брисел.
Абдеслам на вчерашното судење во Белгија се бранеше со молчење и тоа беше прво негово појавување во јавност. Тој одби да одговори на кое било прашање поврзано со престрелката со полицијата во Брисел во март 2015 година, што доведе до негово апсење.
Абдеслам во Белгија е обвинет за обид за убиство. Тој по нападот во Париз се засолни во Брисел, каде е уапсен по престрелката со полицијата, при што беа повредени тројца полицајци.
Абдеслам во Брисел е транспортиран од затвор во Франција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
