-->
-->
Абади бара истрага за настаните што довеле до американска инвазија врз Ирак
-->
Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади бара целосна транспарентност на настаните кои доведоа до инвазија врз земјата во 2003 година на меѓународната воена коалиција предводена од САД.
Тој посочи дека сака „целосна истрага“ на американскиот процес за донесување на одлука, со која армијата на САД тргна да „го ослободува“ Ирак од „терористичкиот режим на Садам Хусеин“, а потоа „ја окупира“ земјата.
Абади посочува дека инвазијата предводена од САД предизвикала нестабилност и продолжен хаос.
- Американското вмешување во Ирак овозможи секакви терористички групи од целиот свет да влезат во Ирак, а за тоа Ирачаните скапо платија, истакна Абади, додавајќи дека се надева оти „Ирачаните ќе бидат обештетени за трагедиите и катастрофите што ги преживеале“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
30 семејства без вода во домовите во најтоплите денови од годината
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
75 години Друштво на филмски работници - почнуваат денови на македонскиот филм