Кошарка
30. January 2018 - 9:45

АБА: Звезда го „сруши“ плеј-оф сонот на Партизан

Големото српско дерби во Јадранската лига му припадна на тимот на Црвена Звезда кој го совлада Партизан со 86-74 во 258-то вечно дерби. 
Поразот во 18. коло за Партизан значи 9-ти по ред со што ги намали драстично шансите да се пласира во плеј-офот бидејќи заостанува 2 победи зад Морнар додека црвено-белите сега се израмнија со Будуќност на 4 кола до крајот. 
Јунак на средбата беше 23-годишниот Добриќ со 6 тројки од 7 обиди.