АБА лига: МЗТ поразен од Сутјеска

Кошаркарите на МЗТ Скопје се поразени со 91:79 на гостувањето кај Сутјеска во Никшиќ, резултат по кој е сигурно дека поранешниот македонски шампион ќе го заземе третото место во втората лига на АБА пред стартот на плеј-офот за враќање во првата.
Ова доаѓа откако нивните ривали за второто место, Сараево Спарс ја забележаа и осмата победа во низа, од 79:66 над словенечкиот Домжале.
„Металците“ имаа лош старт на мечот, губејќи ја првата четвртина со 30:21, за на полувреме разликата да зголеми на дури 16 поени (54:38). Лошата игра продолжи и во второто полувреме, пред МЗТ да има фантастичен финиш на натпреварот, кој сепак, не беше доволен за победа во Црна Гора.
Бојиќ беше најефикасен за МЗТ со 18 поени, Вудард додаде 17, а Соколов и Дамјан Стојановски имаа по 10. За домаќините Павличевиќ уфрли дури 28 поени.
МЗТ се на третото место на табелата со скор од 14-7, зад второпласираните Сараево Спарс (16-5) и лидерите Приморска (19-1).
Ново на Сител
-

20 милиони денари инвестиции за подобри услови во прилепските училишта, годинава 30 првачиња помалку од лани
-

Ангелов: Пожарот на Пелистер еден од најтешките за гаснење
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонските транспортери на протест пред делегацијата на ЕУ во Скопје
-

Утре стартува новата учебна година со над 400 паралелки помалку и 3000 помалку првачиња
-

Сточарите со ултиматум: Итно решение за овчата сипаница
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
