-->
-->
АБА лига: Карпош Соколи остана без сили за нов триумф над Цедевита
-->

Екипата на Карпош Соколи синоќа е поразена на гостувањето во Загреб од Цедевита со 81:77 (14:20; 22:19; 25:20 и 20:18).
Цедевита со овој триумф е поблиску до освојувањето на втората позција на табелата во пресрет на плеј офот. Екипата на карпош Соколи беше равноправен ривал со фавориот на дуелот.
Најефикасен на натпреварот беше Драган Лабовиќ од Карпош Соколи со 27 поени.
Ова беше првиот натпревар од 24.коло, а вчера се одигра и последниот дуел од 23.коло во кој Партизан го победи Задар со 87:86.
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром дуелот од оваа рунда со Игокеа на домашен терен ќе го играат во понеделник.
Табела: Црвена Звезда 22-1 (победи-порази), Цедевита 18-6, Партизан 17-6,Будуќност 16-7, Цибона 11-12, Игокеа 11-12, ФМП 10-13, Олимпија 10-13, Мега 9-14, Карпош Соколи 9-15, МЗТ Скопје Аеродорм 8-15, Морнар 7-16, Крка 7-16, Задар 6-17.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Новогодишна елка ќе има, плоштадот ќе се украсува од понеделник
-

Вработените во министерството за економија и ДПИ не сметаат дека придонеле да се запали „Пулс”
-

Тема на денот со Трпе Стојановски, експерт за миграции
-

Судење за „Пулс“
-

Насилен упад во редакцијата на Инфомакс, напаѓачот е приведен, здруженија и партии бараат најстрога казна
-

Предлогот за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието
-

Филипче повика на обединување против мигранти
-

За да земаат поголеми плати, судии бараат од Уставен да ги укине намалените коефициенти за пресметка
