-->
-->
АБА лига: Цедевита поуспешна од Ц.Звезда
-->
Екипата на Цедевита успеа да триумфира во дербито ан АБА лигата што се одигра во рамките на 18.коло. Во дуелот на евролигашите во Белград Цедевита славеше минимална победа над Црвена Звезда со 80:79 (22:16; 12:21; 18:26 и 28:16). Со победата Цедевита се зацврсти на втората позиција на табелата.
Триумфот беше остварен благодарение на одличната игра во нападот на Цедевита во последниот период кога гостите од Загреб постигнаа 28 поени и притоа ја анулираа предноста на Црвена Звезда од крајот на третиот период – 63:52. Најефикасен на дуелот беше Џејкоб Пулен со 24 поени.
Во тек е последниот дуел од 18.коло: Сутјеска – Партизан.
Резултати на другите натпревари од оваа рунда:
Игокеа – МЗТ Скопје 70:86,
Цибона – Металац 77:73,
Мега Лекс – Задар 87:61,
Крка – Олимпија 55:59 и
Будуќност – Тајфун 81:61.
Табела: Будуќност 16-2 (победи-порази), Цедевита 15-3, Црвена Звезда 13-5, Мега Лекс 12-6, МЗТ Скопје 8-10, Цибона 8-10, Крка 8-10, Тајфун 7-11, Металац 7-11, Задар 7-11, Игокеа 6-12, Партизан 6-11, Сутјеска 5-12.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце