-->
-->
АБА: Будуќност не се предава, избори мајсторка со Ц.Звезда
-->
Завршницата на регионалната АБА лига приреди уште една драма, откако Будуќност со 81:80 ја победи Црвена звезда и израмни на 2:2 во финалето, за да се игра „мајсторка“ во Белград, откако „црвено-белите“ пропуштија шут за победа.
Звезда водеше во текот на првото полувреме, одејќи на одмор со 39:42, а ја зголемија предноста на седум поени. Меѓутоа, во последната четвртина, Будуќност успеаја да израмнат и во драматичен финиш да стигнат до минимална победа.
Кобс со 21 поени, 2 скока и 7 асистенции блесна за Будуќност, додека Митровиќ уфрли 13 поени и имаше 5 скока. За Звезда, Лојд имаше 23 поени и 3 скока, а Добриќ додаде 13 поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Штип ќе се гради медицински факултет и студентски дом
-
Власта и опозицијата со обвинувања за пожарите
-
Вековна традиција оживеана со нови младенци
-
Се отвори завесата на фестивалот Охридско лето
-
Георгиј устоличен за митрополит во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација