АА: Американскиот Стејт Департмент ги потврди нашите констатации за корупција

Американскиот Стејт Департмент ги потврди нашите констатации, да им ставиме крај на корумпираните политичари
Во најновиот извештај на Американскиот Стејт Департмент се вели дека Северна Македонија има константен проблем со корупцијата. Со ова уште еднаш се потврдија констатациите на Алијанса за Албанците што со години по ред се зајакнуваат со сведоштва и голем број на скандали од страната на оваа Влада, СДСМ-ДУИ.
Оваа горчлива реалност доаѓа како резултат на раководењето на земјата од страна на корумпирани функционери и од претходните влади кои што продолжуваат со применување на истите методи на работење и понатаму.
Американскиот Стејт Департмент констатира уште еден важен факт. Во извештајот се вели дека постојат позитивни закони што се совпаѓаат со европското законодавство и што овозможуваат позитивна клима за лесни бизниси, но, корупцијата останува и понатаму проблем. Ова исто така докажува дека во Северна Македонија не се проблем законите, туку спроведувачите на законот. Тоа докажува дека проблемите со криминалот, корупцијата и стагнацијата на државата не се решаваат со законски реформи, туку со промена на структурата на владеење со државата, која што ги има заробено институциите воопшто и судството особено.
Алијанса на Албанците
Ново на Сител
-

Владата утре ќе прогласи кризна состојба, за да се користи мазут од стоковите резерви
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

80-годишнината МНТ ја прославува со сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето - Made in MNT“
-

Преглед на вестите од светот
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Трамп ја менува Агелер, амбасадорката на САД во земјава
-

Откако се раздвоија на патот кон ЕУ, сега Албанија ја поддржува европската интеграција на Македонија
-

Мисајловски: Нема да испраќаме македонски војници во Украина
