-->
-->
73 санкции за брзо возење на автопат Куманово - Скопје - Велес
-->
Денеска (13.11.2021) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 73 возачи. Од нив, 16 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична пријава за полициски службеник за малтретирање во вршење на службата
-
Обид за атентат врз словачкиот премиер по состанок на Владата
-
Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава
-
Часовници на Шумахер продадени на аукција за 4,1 милион евра
-
Намалени производството и продажбата на шумски производи
-
Тинејџерка со автомобил излетала од патот, тешко повредена сопатничката
-
За 216,2 отсто зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи
-
Закани кон претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска, пријавено во МВР