-->
-->
5Г технологијата се тестира во Словенија
-->

Во словенечкиот приморски град Копер почна да се тестира 5Г мрежата, како дел од поголем европски проект финансиран од Европската комисија.
Телеком Словенија на пристаништето во градот веќе ја постави техничката опрема, а самата проверка на мрежата е предвидено да трае до крајот на летото.
Во Словенија на многу места веќе подолг период траат вакви проверки на 5Г технологијата за која се верува дека ќе донесе вистинска техничка револуција во комуникациите.
Националниот совет за безбедност на Словенија пред неколку недели на својот редовен состанок, како тема на дневниот ред ја имаше и 5Г технологијата и нејзината безбедност во однос на кибер-безбедноста и за тоа како брзината на истата ќе влијае врз протокот на информации.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вард од Скопје: Проширувањето останува приоритет на ЕУ
-

Истече грејс периодот од Брисел, нема измени на Изборниот законик
-

Бизнисот бара, но работници нема
-

СДСМ: Над 2 милиони евра завршиле кај ,,Маратон" и уште една фирма блиска до ВМРО
-

Мицкоски: Ние како владина коалиција го усогласивме нашиот став
-

Капиталниот проект за регулација на коритото на Сува Река
-

Треба да се работи на збогатување на гастрономската понуда
-

Македонската наука во европската мрежа COST
