-->
-->
50-та пол позиција за Хамилтон
-->
Лидерот во светскиот шампионат во Формула 1, Луис Хамилтон, ја освои пол позицијата во пресрет на трката за Големата награда на Италија. Британецот до јубилејната 50-та пол позиција во кариерата, 11-та оваа сезона, стигна со најбрзиот круг на легендарната патека во Монца од 1:23.397 минути.
Зад Хамилтон, кој четврти пат во кариерата ќе стартува од првата позиција во Монца, трката ќе ја започнат пилотите на Ферари, Кими Раиконен и Себастијан Фетел. Вториот ред го комплетираше колегата на Хамилтон, Нико Розберг.
Меѓу првите десет пласман на стартот изборија Фелипе Маса и Валтери Ботас од Вилијамс, Серхио Перез од Форс Индија, Роман Грожан од Лотус, односно Нико Хилкенберг (Форс Индија) и Маркус Ериксен (Заубер).
Хамилтон е лидер во генералниот пласман со 227 бодови, 28 помалку има Розберг, а трет е Фетел со 160 бодови.
Трката за Големата награда на Италија во Монца, ќе се вози во недела од 14 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена
-
Во кој суд ќе им се суди на обвинетите за пожарот во „Пулс“?
-
Клековски: Повредени од трагедијата во Kочани да не бараат консултации и процедури надвор од утврдените протоколи
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот