Македонија
11. December 2023 - 18:35

49-годишен скопјанец ја нападнал партнерката со тврд предмет

На 10.12.2023 во 16.05 часот во скопско, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Д.Д.(49) од Скопје затоа што во домот физички ја нападнал неговата 40 – годишна вонбрачна партнерка, при што употребил и тврд предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР во денешниот билтен.