49 дојави за бомби досега испратени во училишта во Скопје и Куманово

49 дојави за бомби се испратени досега во училишта во Скопје и Куманово.
Дојави за бомби има во 17 основни и 22 средни училишта во Скопје, додека пак во Куманово има во 8 основни училишта, еден клон на училиште и едно средно училиште.
Во најголем дел од училиштата во Скопје завршени се проверките и утврдено е дека станува збор за лажни дојави за бомби, за останатите се уште се проверуваат дојавите за бомби.
Во Куманово се завршени сите проверки во сите училишта и утврдено е дека станува збор за лажни дојави за бомби.
- Секторот за внатрешни работи Куманово ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во осум основни училишта и еден клон, како и едно средно училиште во Куманово во врска со закани за поставени експлозивни направи и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и по извршени проверки утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информираат од СВР Куманово.
Ивана Соколовиќ Најдова
Ново на Сител
-

Основана Кинеско-македонската стопанска комора
-

Владината реконструкција на дневен ред во Собранието
-

Нема опозициска средба на Изборниот законик
-

Мисајловски на увид на градежните работи во касарната Ќојлија
-

Прилеп доби Центар за услуги, граѓаните ќе може на едно место да ги добијат сите потребни документи
-

Светот го истражува македонскиот неолит
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со министерката за образование и наука, Весна Јаневска
