-->
-->
46-годишник пронајден мртов во хотелска соба во Центар
-->
На 23.04.2022 во 21.50 часот во СВР Скопје, Б.И. пријавил дека во хотел на подрачјето на Центар каде од 22.04.2022 во една од собите престојувал неговиот пријател И.И.(46) од Скопје, истиот не ја отварал вратата од собата, ниту пак усно одговарал, соопштија од МВР.
Пријавителот заедно со полициски службеници од Полициската станица Центар ја отвориле вратата од собата, каде го пронашле починат И.И. Констатирана била смрт од страна на лекар од Итна медицинска помош.
Извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено во Институтот за судска медицина, за обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро