40-годишна жена со „мерцедес“ усмрти пешак во Волково

Во вечерта на 3 јануари, во скопското село Волково, се случила сериозна сообраќајна несреќа со трагичен крај, при што загинал пешак на возраст од 60 години.
Инцидентот се случил околу 20:55 часот на улицата „100“, кога 40-годишната М.С. од Скопје, управувајќи патнички автомобил „мерцедес“ со скопски таблички, удрила во Г.И. (60) од Волково. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и починал на лице место, а смртта ја потврдил лекар од Итната медицинска помош.
По пријавата, увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје, а возачката била приведена во раните утрински часови, односно во 00:45 часот на 4 јануари 2026 година.
По завршување на целосната постапка и документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 300 од Кривичниот законик, за тешки кривични дела против безбедноста во сообраќајот.
Ново на Сител
-

Предложен притвор за дилер на хероин
-

Реал на врвот на ранг-листата на клубови со највисоки приходи трета година по ред
-

Филипче вели дека не поднесува оставка, целта му е општеството да заздрави
-

Нова железничка несреќа во Шпанија: воз се судри со кран, лесно повредени неколку лица
-

Жител на Идризово обвинет дека со закани барал пари од поранешен партнер на неговата ќерка
-

МЗ: Новиот предлог-закон за заштита од пушење предвидува забрана за рекламирање, промоции - приоритет е заштитата на децата
-

Официјално: Четири македонски спортисти на ЗОИ 2026
-

Кушнер во Давос ги претстави плановите за реконструкција на Газа
