-->
-->
367 санкционирани возачи на мотоцикли, 11 мотоцикли одземени
-->
Во периодот од 01.08.2022 до 07.08.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 367 возачи.
Од нив, 227 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 83 возеле без возачка дозвола, 11 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сали: 150 здравствени работници доброволно се пријавија да помагаат во Турција
-
Стејд Департментот одобри продажба на ракети со долг дострел на Полска
-
Кучиња трагачи се дресираат во Охрид
-
Кучиња трагачи се дресираат во Охрид
-
Прилеп бара државата да му ја отстапи универзалната спортска сала
-
Владата со нова програма за малите производители
-
Георгиев: Историската комисија не може да работи во ваква тензија
-
Дали бугарските здруженија ќе ги променат имињата? Законскиот рок истекува следната недела