-->
-->
352 санкционирани возачи во Скопје, 108 за брзо возење
-->
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (24.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 352 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 108 санкции, 28 мерки за возење без возачка дозвола, 32 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се три мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло, 20 санкции за користење на мобилен телефон при возење, 14 мерки за некористење на сигурносен појас....
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
