-->
-->
33-годишен затвореник починал во Охридската болница
-->

Триесет и тригодишно лице од струшкото село Октиси, во тешка здравствена состојба починало во Болницата во Охрид соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, вчера во 19 часот во СВР Охрид било пријавено дека од Затворот Охрид во Општата болница во Охрид, со возило на Итната медицинска помош, во тешка здравствена состојба бил донесен К.Р.(33) од струшкото село Октиси, кој, и покрај преземените мерки од медицинските лица, починал.
По наредба на јавен обвинител, телото било дадено за обдукција. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Протест за чист воздух во Струмица
-

Дрвокрадци го пустошат дрвниот фонд на Македонија
-

Селекција на отпад
-

Преглед на вестите од светот
-

Колапс на македонската економија ако не се одложи ЕЕС системот за превозниците
-

Тема на денот со Ели Панова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ
-

Власта обезбеди 2/3 мнозинство за Сејф сити и омбудсманот без СДСМ и ДУИ
-

СДСМ бара враќање на членот 353 од кривичниот законик кои сами го укинаа, за ВМРО-ДПМНЕ ова е лицемерно
