Македонија
20. July 2015 - 20:24
33 годишен мотоциклист и жена загинаа во Прилеп
Две жртви од две сообраќајни незгоди е трагичниот биланс од изминатото деноноќие во Прилеп. Во првиот случај, утрово околу 5 часот, од удар со мотор на патниот правец Прилеп - Скопје, кај клучката на “Лукоил” на излезот од градот, на лице место животот го загуби прилепчанецот Влатко Т, роден 1983 година. Според очевидци, моторџијата возел со голема брзина, а ударот во столбот бил стравичен.
Во вториот случсај, пак, синоќаоколу 23.30 часот, машиновозачот на возот кој сообраќал на линијата Прилеп- велес, пријавил сомневање дека прегазил човек во непосредна близина на околу 500 метри од прилепската Железничка станица.
По извршениот увид, пронајден е женски труп на возраст мешу 50 и 60 години. Идентитетот на жената се уште не е познат, а телото е пренесено на Патлогија во прилепската Болница, информираат од СВР Битола. Истрагите продолжуваат и за двата трагични случаи.
-

Каролина Дурло
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
