Македонија
17. October 2022 - 16:02

33 годишен ловџија пронајден починат на планината Китка

На 16.10.2022 околу 09.30 часот во СВР Скопје, Ж.И. пријавил дека на планината Китка, на 10 км над с.Вражале, скопско, го пронашле починат Ј.Ј.(33) од Скопје, кој заедно со Ж.И. и уште двајца познаници биле на лов. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Од лекар од судска медицина е констатирана смрт без траги на насилство.