-->
-->
30. Меѓународна ликовна колонија во Св. Јоаким Осоговски
-->
Во манастирот Св. „Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка од денеска до 16 септември ќе се одржи 30. јубилејно издание на меѓународната ликовна колонија која го носи името на манастирот.
На колонијата годинава ќе има 18 учесници од кои десет се од САД, Англија, Хрватска, Турција, Бугарија и Србија.
- Нашите гости ќе имаат можност да го посетат градскиот музеј во Крива Паланка, пештерата на Св.Јоаким во с.Градец, мегалитската опсерваторија – Кокино. Ќе ги посетиме и црквите, музиети и галериите низ Скопје.Сликарите работат по слободен тематски пристап,а секој од нив е обврзан да остави две дела во манастирската збирка на колонијата, изјави Јордан Михајловски, заменик кординатор на колонијата.
Колонијата ќе заврши на шеснаесети септември во Стариот конак на манастирот Св. „Јоаким Осоговски“ со изложба на создадените ликовни творби на сите уметници. За подоцна се планирани изложби во манастирот, Градскиот музеј, и 30 години пресек во Скопје, Штип, Куманово, Кочани, Перник, Ќустендил...
Колонијата е дел од Националната програма за култура на Министерството за култура за годинава и работи под патронат на манастирот Св.Јоаким Осоговски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Полицијата се уште трага по возачот што го прегази Југо на пешачка патека
-
Партиите ги засилуваат теренските активности пред локалните избори
-
Повеќе здравствено осигурени отколку попишано население во државата
-
Нова инвестиција од 30 милиони во автомобилската индустрија
-
Ќе имаме многу тешко лето со пожари, вели Ангелов и уверува дека државата е поподготвена од лани
-
Мицкоски: Во 21 век на талибански начин се избришаа македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕК
-
Африм Фидани ја превзема функцијата претседател на Врховниот суд
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот