30 дена привтвор за 21 годишник кој во дворот на својата куќа си одгледувал стебла канабис
Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ според член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопшти ЈОРМ, осомничениот 21-годишник, во дворот на куќата во која живеел во селото Криволак, Општина Неготино, неовластено одгледувал 33 стебла од растението Cannabis Sativa, од кое со обработка се добива наркотична дрога – марихуана. Дополнителни четири стебла тој одгледувал и на парцела во близина на ЈП Исар во Штип.
Јавниот обвинител, оценувајќи дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор. Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стојко Стојков - ОМО Илинден-Пирин
-
Новак Ѓоковиќ е победник на Австралија опен
-
Пелистер поразен од Златибор во дербито од 10 коло на АБА2 лигата
-
Преговорите со Алијанса за албанците за влез во Владата се при крај - Останува само што ќе одлучи Алтернатива
-
ВМРО-ДПМНЕ на 4 февруари ќе стражари пред гробот на Делчев и покрај предупредувањата од министерот Спасовски
-
Османи и Ќучук: Странски фактор креатор на инцидентите
-
Лани од фондот за здравство биле исплатени 65 милиони евра за боледувања
-
Детектор анкета: Над 60% од граѓаните сметаат дека државата не е подготвена да се справи со економската криза и инфлацијата