30 дена привтвор за 21 годишник кој во дворот на својата куќа си одгледувал стебла канабис
Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ според член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопшти ЈОРМ, осомничениот 21-годишник, во дворот на куќата во која живеел во селото Криволак, Општина Неготино, неовластено одгледувал 33 стебла од растението Cannabis Sativa, од кое со обработка се добива наркотична дрога – марихуана. Дополнителни четири стебла тој одгледувал и на парцела во близина на ЈП Исар во Штип.
Јавниот обвинител, оценувајќи дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор. Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Четириесетгодишна скопјанка физички нападната од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер
-
Со закани одземени пари од вработени во бензинска и обложувалница во Скопје
-
Грчки државјанин починал во казино во Гевгелија
-
Ливерпул испадна од ФА Купот откако прими гол во 90+2 минута против Брајтон
-
87 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола
-
Детектор анкета: Граѓаните сметаат дека власта е најодговорна за економската криза во која што се наоѓа Македонија
-
Детектор анкета: Граѓаните песимисти – Очекуваат и оваа година цените да продолжат да растат
-
Детектор: Државата не е подготвена да се справи со економската криза и инфлацијата