30 дена притвор за возачот кој усмрти жена во Капиштец
30 дена притвор за возачот кој пред 3 дена усмрти жена во близина на трговскиот центар Зебра во Скопје.
37 годишниот скопјанец кој го упртавувал возилото Опел Корса денеска бил сослушан од јавен обвинител кој предложил мерка притвор за возачот.
Анализите на крвта и урината кои беа објавени вчера покажаа дека тој управувал со возилото под силно дејство на алкохол и наркотични средства. Во крвта веднаш по настанот му биле пронајдени 1.52 промили алкохол а во урината 2.41 промили. Анализите покажаа и присуство на метаболити од психоактивна супстанца што ја содржи растението канабис.
За случајот е отворена истражна постапка која треба да ги покаже сите околности. Засега е познато дека возачот со гоплема брзина излегол од коловозот и удрил во 50 годишната новинарка Сузана Тодоровска Павловска која стоела на тротоарот .
Семејството на жртвата преку социјалните мрежи веќе најави и приватни тужби за возачот.
-

Славица Арсова
Сите содржини од овој новинар
