3 Мај – Без слободни медиуми нема демократија
Без слободни медиуми нема демократија, а политичарите треба да ги тргнат рацете и влијанието од нив. Јавниот интерес е пред сè. Ова е пораката на експертите за комуникација по повод 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите.
Со слични пораки и од официјален Брисел. Во соопштение, високиот претставник на ЕУ упати сериозно предупредување дека притисоците врз медиумските работници достигнаа критично ниво.
„Меѓународното право е јасно: новинарите мора да бидат заштитени во секое време. Тие мора да можат да ја извршуваат својата работа слободно, без недолично мешање, страв од насилство, вознемирување, заплашување, прогон или прогонување. Ова е особено критично во конфликтните зони, каде што новинарите ги осветлуваат реалностите на војната, вклучително и ѕверствата и потенцијалните воени злосторства“, се вели во соопштението.
ЕУ со загриженост констатира дека изминатата година била историски најнебезбедна за медиумската професија, со посебен акцент на ранливоста на жените новинарки.
Во видео-порака на мрежата Икс, пак, претседателката на Европскиот парламент вели дека храброста не треба да е услов за новинарот кој сака слободно да известува.
Според Кордалов, најсилна алатка за заштита на самите медиумски работници е саморегулацијата, јакнењето на регулаторните тела и почитувањето на кодексите. Поголема гледаност и повеќе кликови треба да се резултат на доверба, а не на лажни вести.
Светскиот ден на слободата на медиумите е воспоставен во 1991 година од Обединетите нации. Македонија оваа година забележа пад во слободата на медиумите за три места на последниот извештај на Репортери без граници.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
