29 лица не го почитувале полицискиот час изминатото деноноќие
Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (24/25.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 29 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 23 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. По однос на обврската за носење на лична заштита во текот на изминатите 24 часа опоменати се девет лица.Исто така според статистичките податоци за изминатотоденоноќие на 84 лица им се издадени решенија за изолација, а ист број на лица- 84 потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори