Живот
4. April 2018 - 20:13

26-годишна студентка ја продаде својата невиност за 1,2 милиони евра, а сега ја откри и причината

Студентката Џесмин, 26 годишна од Лондон одлучила да ја продаде својата невиност за 1,2 милиони евра.

Џесмин на страницата „Cinderella Escorts“, објавила дека ја продава својата невиност за да собере пари за започнување на сопствен бизнис.

Чувството не ја излажало, интересот бил голем. После неколку меци успеа да ја продаде својата невиност. Како купци се натпреварувале претприемач од Минхен, фудбалер на Манчестер Јунајтед, а победил еден холивудски актер.

- Се чував за брак, но ми досади да чекам. Ги почитувам жените кои се за чуваат за првата брачна ноќ, изјавила таа за Сан.

Откако актерот успеал да победи со останатите богати купувачи, средбата била договорена во хотел во Германија, каде што овие работи се легални. Компанијата преку која студентката го дала огласот им гарантира на купувачите невиност на девојките со потврда од лекар, а и купецот може да донесе свој лекар ако сака.

- Актерот веќе го запознав. Воодушевена сум, затоа што со години наназад го обожавам, изјави Џесмин иако била многу нервозна поради средбата.

Не била разочарана затоа што тврди дека тој бил прав џентлмен.

Признала за Дејли Мејл дека не ни сонувала дека ќе добие вака висока понуда, а открила и дека во се ја поддржуваат родителите.

Покрај Џесмин, за ваков драстичен потег се одлучиле многу девојки, меѓу кои и 19 годишната Жизел, за чија невиност се тркаа руски политичар, холивудска ѕвезда и бизнисмен од Абу Даби.

Победи богатиот Арап, кој за ова задоволство издвои рекордна сума од два и пол милиони евра, а на Жизел и го исполни сонот, да ги плати студиите и да патува низ светот.