Македонија
9. March 2023 - 12:33

24-годишен скопјанец е возачот кој се заби во патарината Романовце

Министерството за внатрешни работи ги соопшти деталите за сообраќајната несреќа со смртни последици на наплатната станица „Романовце“.

- На 09.03.2023 околу 03.27 часот во СВР Куманово било пријавено дека на наплатна станица „Романовце“ на автопат Скопје - Куманово, патничко возило „фолксваген голф“  со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ф.(24) од Скопје, удрило во столб на наплатната станица, при што настанал пожар на возилото. соопшти МВР.

Како што соопштија од МВР, на местото починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово и од вработени во наплатната станица. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.