Македонија
15. March 2019 - 17:40

211 години затвор за „27 април“

Вкупно затворска казна од 211 години заработија обвинетите за случајот „27 април“. Највисока казна од 18 години доби екс директорот на БЈБ, Митко Чавков. Најмала казна судот изрече за собранискиот обезбедувач Абдулфета Алими кој е осуден на 7 години затвор. Останатите обвинети заработија казни од 8 до 15 години. Ослободителна пресуда добие водачот на протестите „За заедничка Македонија“, Игор Дурловски. Според судијката Добрила Кацарска за него судот не утврдил вина. За останатите пак изведените докази, сведоците и видео снимките укажале дека го сториле кривичното дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбездноста.

Обвинителството е задоволно од изречените пресуди. Одлуката за жалби ќе ја донесе откако ќе ја добијат пресудата на хартија.

За одбраната на обвинетите, казните се драконски. Се сомневаат дека доколку постела повисока казна, судот најверојатно таа би ја одредил.

Поради високите затворски казни и како што рече обвинителката Трајчева, можноста за бегство, обвинителството за сите побара притвор. И покрај барањето на обвинетите да не им биде одредена мерката, судијката Кацарска на сите им врачи решенија за притвор.

Во солзи и неверување ја слушаа пресудата роднините на обвинетите. Дел од нив пресудата ја дознаа пред вратите на судот.

Судењето за 27 април почна во август лани. На обвинителна клупа седеа 33-ца но со законот за аменестија, 15-мина беа ослободени од обвинението.